TRON Inter Center

TRON Inter Center

Tron InterCenter ЦЕНОВНИК ПРАШАЛНИК

TRON Inter Center – ЕРП решение кое овозможуваат континуирано извршување на деловните активности на претпријатијата со зголемена ефикасност и продуктивност. TRON Inter Center подразбира: сигурен, флексибилен и интегрален пристап на доставување разни економски вредности низ комбинација на системи и процеси кои што ги извршуваат основните деловни операции со едноставност и сеопфатност. Во базата се чуваат промените од сите години и со едноставен избор корисникот има увид во работењето од самиот почеток на бизнисот.
При избирање на ЕРП решение едни од најбитните услови накои треба да посветите поголемо внимание е тоа дека со текот на времето вашиот бизнис ќе се развива и ке се појават нови потреби. Важно е фирмата од која го купувате да има квалитетна техничка и корисничка подршка, и самиот софтвер да биде лесно и брзо адаптибилен. Доколку успеете во ова, ќе створите складно опкружување кое значајно ќе допринесе во ефикасното работење на вашата компанија. Есофт Солушн ги исполнива сите услови, дури и повеќе од тоа, нуди решение со целокупна подршка, по примамлива и ниска цена, достапно за секој.

Магацинско работење – подразбира ефикасна организација на магацините, артиклите да бидат логично складирани и да се знае во кој магацин се наоѓаат, како и во секој момент да се има информација што се се наоѓа во магацинот. Неограничен број на магацини како и префрлување на артиклите од еден во друг магацин или пак еден артикл на повеке локации, ситем за работа на јавни царински магацини како и брз и едноставен попис, го овозможува овој модул и ги намалува грешките кои можат да предизвикат големи пореметувања во работењето.

Набавка – Модулот овозможува нарачување на артикли, складирање и управување со залихите, обврски кон добавувачите – евиденција на обврските и налозите за плаќање, поддршка за електронска размена на податоците во XML формат.

Големопродажба – Преку оваа алатка имате точен увид на состојбата на залихите, автоматско издавање на сите видови големопродажни документи, можност за агентна и амбулантна продажба, директна интеграција со Интернет продавниците (B2B, B2C …), спречува т.н дупла продажба од двајца или повеќе корисници на модулот.

Малопродажба – Нуди можност за директно (on line), или индиректно (off-line) поврзување на продажното место со централниот сервер, овозможува од една страна едноствно водење на малопродажбата а од друга детелен автоматски извештај за целокупната продажба. Сите евиденции и книги согласно законските прописи. Поддршка за сите фискални печатари.

Салдаконта – генерирање на финансиски налози, салдаконтни израмнувања, проценка на салдаконтни ставки, пресметка на каматни стапки, компезации и автоматизиран платен промет итн. Водење на даночни книги и контрола на материјалното и финансиското работење.

Главна книга – Иработка на биланси и финансиски извештаи, трошковно сметководство, бруто биланс, конто картички, дневник на главна книга. Автоматизирани месечни преноси во главна книга, патни налози , основни средства.

Производство – Следење на ефикасноста и оптимализацијата на производниот процес, поддршка за повеќенивовска листа на делови и работни налози, автоматски систем за резервации, составување и расклопување елементи, сигнални и идеални залихи и нивна оптимизација.

Сервис – Целосно водење на сервисни настани, водење на причини и грешки по сервисирани артикли, контрола на сервисните активности, дизајн, анализа и распределба на ресурсите, следење на статусот на документите преку Интернет

Работа на проекти – Софтверскиот модул ви овозможува: мониторинг на ниво на настанот, следење, комбинирање и проценка на проектните документи, ефективна контрола на секој проект.

CRM – Customer relationship management – CRM – е модул од стратешка предност во однос на конкурентите, ги одредува најпрофитабилните клиенти, овозможува подобро разбирање на клиентите како и зголемување на бројот на клиентите и профитот. Нуди предвидување на идните активности како анализа на досегашните резултати, ги намалува трошоците за работа со изведување на ефетивни бизнис операции и услуги. Допринесува до зголемување на продажбата преку создавање на вистинска понуда за производите и услугите.

Електронска размена на податоци – Софтверот преку овој модул нуди неколку начини на размена по различни протоколи кои можат да бидат:
Интерна потреба (внатрешен стандард XML),
По точно утврдени структури на податоци кои се договорени помеѓу две или повеќе фирми,
На ниво на бази на податоци (поврзување меѓу различните ERP системи),
Според пропишаните стандарди за размена на податоци (RIP стандард и E-SLOG).

Интернет решенија – Интернет околината во деловниот софтвер TRON Inter Center е целосно интегрирана, сами одлучувате кои информации ке се појавата на интернет (производи, корисници, нарачки …). По продажбата на интернет процесот продолжува во деловниот софтвер т.е. автоматски се интегрира (анализи, логистика, достава …), и не создава дополнителни трошоци. Информативниот систем го одделува еден модуларен склоп за интернет трговија во два различни правци, имено, на крајни клиенти (B2C) и за продажба на правни лица (B2B). Целосно е поддржан платниот систем за одобрување на плаќањето со кредитни и дебитни картички. Исто така, се отворени можностите за сите други интернет решенија и сервиси кои Ви се потребни (CRM, услужни дејности …).

Tron InterCenter ЦЕНОВНИК ПРАШАЛНИК

Enter your keyword