Развој на софтвер

Развој на софтвер

Работиме на постојан развој на нашите софтверски решенија: TRON InterCenter, TRONpos, eSystem и Електронски деловодник. Развиваме нови модули согласно потребите на нашите клиенти. Менуваме постоечки модули согласно законските прописи и согласно потребите на клиентите. Изработуваме специфични прегледи по мерка.

Работиме на развој на модули и виџети за Orchard и nopCommerce за клиенти во земјава и странство.
Веб страната на Нова Македонија е целосно изработена со модули и виџети во Orchard по спецификите на клиентот. Во Orchard имаме комплетно решение за човечки ресурси и пресметка на плати. За nopCommerce имаме изработено модул за програми за заштита во земјоделието, модул за плаќање преку интернет во Македонија и модул за поврзување на нашите ЕРП софтвери за автоматика во двете насоки.

Покрај стандардниот развој, развиваме и софтвери по нарачка. Еве неколку досегашни примери:

  • Агро Синдикат, Македонија (Софтвер за синдикално работење. Веб базирано решение. Неограничен број на лиценци)
  • ЈП Водовод и канализација, Скопје (Софтвер за рачен компјутер за отчитување водомери и интеграција со ЕРП – 60 лиценци)
  • ЈП Водовод и канализација, Скопје (Софтвер за рачен компјутер за попис на основни средства и интеграција со ЕРП – 5 лиценци)
  • Елбијор доо, Скопје (Хардвер и Софтвер за следење на температурата на вакцините и дојава по СМС и Електронска пошта – 5 лиценци)
  • Дијагностичка и биохемиска лабораторија Павлина, Скопје и Виница (Софтвер за евиденција на лабораториски анализи. Интеграција (автоматика) на сите биохемиски апарати со ЕРП – ТРОН Интер Центар – 10 лиценци)
  • Прокредит банк, Приштина – Косово (Софтвер за отчитување лични карти на Косово со 2Д баркод читач и интеграција со Банкарски софтвер – 50 лиценци)
  • АМЦ ДОО (100% Автоматски Систем за генерирање алерти и извештаи и нивно испраќање по СМС и Електронска пошта – Интегриран со ЕРП)

На сите наши производи даваме 12 месеци гаранција.

Enter your keyword