Имплементација и Поддршка

Имплементација и Поддршка

Есофт Солушн доо Скопје со својот тим на искусни професионалци ви нуди целосна имплементација на палетата од производи од нашето портфолио. Ние имплементацијата ја сваќаме како најсериозната компонента кога се започнува со користење на нов софтвер и во овој сегмент несмее да има пропусти.

Ние сме сертифицирани консултанти од Европска Банка за Обнова и Развој во делот на имплементација на софтверски решенија и унапредување на бизнис процесите во компанијата. Ги скенираме сите бизнис процеси и заедно со менаџерскиот тим донесуваме одлуки за нивно унапредување како и имплементација на софтверот соодветно на бизнис процесите во компанијата.
Покрај проектите кои ги имаме работено како консултанти со Европска Банка за Обнова и Развој, работиме и на проекти за имплементација на софтверски решенија поддржани од Програмата за развој при Обединетите Нации (UNDP).

На сите наши клинети им даваме постојана поддршка. Имаме две нивоа на поддршка. Основното ниво е стандардна поддршка во редовно работно време. Покрај основната нудиме и Премиум поддршка која подразбира поддршка во редовно работне време со приоритет и поддршка вон работно време соглано договор со клиентот. Најдобрата солуција е обезбедување на двете нивоа на поддршка и обезбедување на континуирана работа 24 x 7 x 365.

Исто така нудиме поддршка на фирми кои немаат имплементирано софтвер од нас, а користат еден од софтверите со отворен код кој се во нашата понуда.

Нашата цел е секој клиент да добие најадобра имплементација и поддршка.

Enter your keyword