Електронски деловодник

Електронски деловодник

Брза и организирана канцеларија
Со средена и достапна документација успехот е поголем
Електронскиот деловодник со своите пакети е скроен да ви го организира, олесни и убрза работењето.

Електронскиот деловодник работи согласно законските прописи во РМ и претставува софтвер за канцелариско и архивско работење. Целосно интегрирано софтверско решение за евидентирање и архивирање на вашата документација. Комплетна организацијата и евиденцијата на документите во секое време, од секоја локација, засекогаш! Веб базираното решение овозможува голема флексибилност при работењето. Апликацијата работи во Интернет и Интранет околина и може да биде достапна од секаде, секако заштитена со корисничко име и лозинка. Достапна за вашиот таблет или паметен телефон во секое време. Сигурноста е на највисоко ниво така да архивираните документи секогаш се на сигурно место. Целата документација е организирана по сите законски прописи за канцелариско и архивско работење. Врз основа на законските легислативи документите кои се архивирани автоматски се чуваат за дадениот број на години.

ЦЕНОВНИК ДЕМО ВЕРЗИЈА

Logo_ElektronskiDelovodnik_NaSivo

Електронскиот деловодник се состои од четири главни дела: Корисници и нивни улоги, Шифранти, Писарница и Архива.

Корисниците на софтверот се организирани врз основа на улогите што ги имаат. Според улогите што ги добиле, едни корисници можат да скенираат и да внесуваат документи, а други само да ги пребаруваат и да ги печатат документите. Правата на пристап се ограничени на ниво на план на архивски знаци, на ниво на видови документи и на ниво на организациони единици.

Шифрантите се поделени на: години, план на архивски знаци, видови документи, организациони единици и деловни партнери. Шифрантите ни служат за означување и поедноставно групирање на документите

Главниот дел е Писарницата. Документите и покрај тоа што можат да се евидентираат, можат и да се пребаруваат по сите основи. Документите можат да се превземаат за преглед или печатење. По решавањето се разведуваме од документите и ги архивираме.
Од писарницата можеме да креираме Интерна доставна книга, Книга за место и Книга за пошта.
Од писарницата се печати електронскиот деловодник. Се експортира во Word документ и да се печати во форма која е согласно законот за канцелариско и архивско работење.

Архивското работење ни овозможува одбирање и евидентирање на архивскиот од документарниот материјал.
Потоа креирање на попис и опис на архивскиот материјал.
Попис на документарниот материјал за негово уништување.
Предавање на јавен архивски материјал
Предавање на јавен архивски материјал создаден во електронска форма

Ова решение е наменето за мали, средни и големи компании. Нуди повеќејазичност и флексибилност.

Писарница верзијата е наменета за мали фирми кои несакаат и немаат потреба од книги за попис на документи и немаат потреба од интерна доставна и книги за пошта и место.

Верзијата Канцелариско работење е наменета за фирми под 49 вработени кои имаат обемна документација која е потребно да биде добро организирана со помошните книги за попис и останатите книги.

Верзијата Канцелариското и архивско работење е наменета за сите приватни фирми со над 49 вработени и сите државни и јавни претпријатија.

Сите верзии ги опфаќаат сите законски прописи во Македонија.

ЦЕНОВНИК ДЕМО ВЕРЗИЈА

Enter your keyword