Ви нудиме работа во пријатна и динамична средина. Постојано запознавање со нови и современи технологии. Соодветна награда за вложениот труд и време. Ако сакате работа во тим со млади и искусни колеги, тогаш Есофт Солушн е Вашиот избор.

Вработуваме

ЕСОФТ СОЛУШН ДОО Скопје во моментов има потреба од следниов кадар:

 

Комерцијалист за продажба на софтверски решенија (1 работно место)

Потребни квалификации:
  • Кандидатот треба да има завршено високо образование од некоја од следниве области: информатика и компјутерски технологии; економија; е-бизнис; маркетинг; финансиски менаџмент
  • Да знае да ја продаде визијата на клиентот
  • Презентерски и демонстрациски вештини
  • Преговарачки вештини
  • Возачка дозвола – Б категорија

Одговорности:

  • Зголемување на постоечкиот обем на продажба на пазарите во државава и странство
  • Имплементација на ефективни стратегии на продажба во динамична, брзорастечка околина и околина со огромна конкуренција.
  • Постојано градење на доверба на клиентите кон фирмата
  • Да ги разбере барањата на клиентите и да ги преточи во понуда на соодветни решенија
  • Да ги исполни кварталните и годишните планови
  • Прогноза и проектирање на продажбата

Минимум 2 години работно искуство како комерцијалист за продажба на софтвер.
Испратете CV на dimitar.jovanovski@esoft.com.mk со назнака „За комерцијалист“.

 

Помошник комерцијалист за продажба на софтверски решенија (1 работно место)

Потребни квалификации:
  • Кандидатот треба да има завршено високо образование од некоја од следниве области: информатика и компјутерски технологии; економија; е-бизнис; маркетинг; финансиски менаџмент
  • Да знае да ја продаде визијата на клиентот
  • Презентерски и демонстрациски вештини
  • Преговарачки вештини
  • Возачка дозвола – Б категорија
  • Со или Без работно искуство

Испратете CV на dimitar.jovanovski@esoft.com.mk со назнака „За помошник комерцијалист“.

 

 

Студентска Пракса

ЕСОФТ СОЛУШН ДОО Скопје обезбедува студентска пракса за Windows и Web програмери, комецијалисти за продажба на софтвер и аналитичари и имплементатори на софтверски решенија. Ако сакате да го зголемите вашето знаење со реални практични примери, повелете јавете те се кај нас за практична настава.

Испратете електронска порака во која ќе бидат содржани основните информации за вас на dimitar.jovanovski@esoft.com.mk со назнака „За студентска пракса“.

Enter your keyword