Основна намена на информацискиот систем е квалитетно и успешно делување на претпријатието, припрема на информации со кои ги задоволуваме информациските потреби. Информациските потреби секојдневно се зголемуваат.
Со зголемување на развојот на компјутерската технологија и нејзиното иновативно користење во информациските системи им овозможува на претпријатијата да изготвуваат нови производи, изготвуваат подобри и поквалитетни услуги и да ги намалат трошоците, бидејќи на тој начин можат да ја задржат конкурентната предност пред останатите. Зголемената конкуренција, глобализацијата на пазарот, турбулентната работна околина… овие фактори кажуваат дека претпријатијата мораат да се потпрат на стратешки информациски систем. Било која стратегија на едно претпријатие не е потполна ако не вклучува информациска стратегија.

eSoft – Ваш стратешки партнер

За поставување на квалитетен, стратешки и целосен информациски систем секое претпријатие има потреба од стручна помош. Помошта од нас, вам ви е ставена на располагање. Со своето искуство, со своите квалитетни и искусни вработени и нудење на целосни решенија, eSoft претставува вреден партнер, на кого ниту еден информациски систем и ниту една работна околина не му се непознати.

eSoft – квалитетни и целосни решенија

eSoft вам ви нуди помош за проектирање, советување, изградба и одржување на информациски системи. Со својата палета на производи и услуги самостојно ви нуди целосни решенија, целата своја информациска техника и технологија (софтвер за деловно работење, интернет портали, интернет продавници, умрежување, комуникација, компјутери, сервери, одржување, обука…). Нашето мото е изготвување на квалитетни, целосни, едноставни за работа и интегрирани решенија.

Communication and SEO Cloud
Business-Idea

Наша визија и мисија

Визија и мисија

Времето во кое живееме, бара бројни, брзи трансформации, бидејќи новите технологии имаат големо влијание на животот на поединците и компаниите. Огромни се можностите кои ги нудат новите технологии, на нас останува дали ќе успееме да ги зграпчиме и утрешниот дена да си го направиме полесен, попријатен, позабавен, покорисен…

Визија

Да станеме водечка фирма за целосни информациски решенија во Македонија.
Појдовна точка за ова е нашата целосна понуда (од деловни софтверски решенија, интернет поратли и продавници, до компјутери, мрежи и сервери), искуството и јасната стратегија.

Мисија

Зголемување на задоволството на сите инволвирани: клиенти, вработени и сопственици.

Клиенти

Фирмата према клиентите ќе се однесува одговорно, грижејќи се за примерен раст и задоволство на клиентите.

Вработени

Вработените во фирмата мораат да се однесуваат домаќински, да бидат спремни максимално да се ангажираат за целите на фирмата, да бидат способни да превземаат нови предизвици и работни задачи, да достигаат амбициозни цели за поголемо сопствено задоволство. Квалитетниот раст на фирмата се споделува сразмерно.

Сопственици

На сопствениците им овозможуваме оплеменување на вложениот капитал согласно плановите на фирмата. Сопствениците се обврзуваат да со капиталот работат домаќински и да ги наградуваат вработените кој се заслужни за достигнатите цели на фирмата.

Нашиот успех се зголемува само преку успехот на нашите клиенти.

Enter your keyword